Катарина Грујиќ беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“, а водителот веднаш ја праша за новото момче, фудбалерот Огњен Врањеш.
Водителот ја праша Каќа што правела во Атина.
„Во Атина бев малку приватно, да се одмарам. Некако добро ми дојде“, изјави Катарина.
Потоа, пејачката прозбори за својата нова врска, но не сакаше да открие многу детали.
„Навистина не сакам да зборувам за својот приватен живот. Жал ми е за луѓето што пишуваат за такви работи. Секако дека сум среќна, се гледа на мене“, изјави Грујиќ.
Во емисијата таа доби дрес од своето ново момче, а со реакцијата ги насмеа сите присутни во студиото.
„Не знам зошто ми ги поклонуваш моите пижами. Добро, но резерва секогаш треба да имам“, изјави пејачката.
фото: принтскрин/јутуб