Радио Милева не е воодушевена

Каќа Живковиќ брутално за Стјепан Хаусер: „Не знам што гледаат жените кај него“

Каќа Живковиќ брутално за Стјепан Хаусер: „Не знам што гледаат жените кај него“

Стјепан Хаусер, „бунтовникот со виолончело“ е тивкото страдање на многу дами. Музичарот важи за голем заводник кој прави мала „контроверзија“ од својот емотивен живот.Емотивниот живот го коментира на мистериозен начин, а Каќа Живковиќ нема добро мислење за Хаусер.

– Позната сум како некој кој никогаш не коментира други луѓе, особено не јавни личности, особено не негативно! Но, тој Хаузер… Не знам што гледаат жените во него, освен дека е навистина голем уметник – започна Катарина.

– Човек кој изјавува дека свири виолончело на сцена и така води љубов со жените… Видете, јас никогаш нема да одам на неговиот концерт – изјави пејачката.

Откако раскина со пејачката Јелена Розга, Стјепан Хаусер не ги претставуваше своите емотивни партнери во јавноста, но призна какви девојки му се допаѓаат.

– Ме пали женственоста, до крај, во сета своја убавина. Ме привлекуваат девојки кои се срамежливи и плашливи како самовили, кои се тотална спротивност од мене. Сакам да изгледаат како девојки на социјалните мрежи, но да бидат интелигентни, духовни, да ме разбираат и подготвени да живеат надвор од градот. А каде да најдам такви!? – изјави неодамна музичарот за хрватскиот магазин „Глорија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)

– Среќен сум и горд што имам прекрасни обожавателки кои ми се музи и инспирација, бидејќи женската убавина навистина така влијае на мене. Затоа, чувствувам дека поради верноста на една жена, би им бил неверен на другите. Јас, всушност, им припаѓам на сите нив – изјави во една прилика Стјепан.

фото:Instagram printscreen/ katarina_zivkovic_official/ hausercello

To top