Кајли Џенер на овагодинешното издание на „Мет гали“ се појави во модна комбинација со која го привлече внинманието. Имено, за таа прилика Кајли се појави во виолетов фустан со перја, како и со виолетова перика која беше незабележителна.
Но, сега вниманието на социајлните мрежи го привлече и нејзината ќерка Сторми. Токму во иста ваква модна комбинација, Кајли ја маскираше својата ќерка за „Ноќ на вештерките“, односно во ист фустан и перја.
Кајли објави фотографии од нејзината ќерка и покажа како изгледа малата Сторми кога ќе се маскира во мама Кајли.
Некои сметаа дека ова е бизаран потег на старлетата, додека пак други беа воодушевени од фотографијата која за краток период доби преку 9 милиони лајкови.