Радио Милева

Кајли Џенер јавно прокоменрира за неверството на екс-зетот со нејзината другарка

Кајли Џенер јавно прокоменрира за неверството на екс-зетот со нејзината другарка

Трејлерот од новата епизода на реалното шоу “Во чекор со Кардашијан” конечно донесе поблиску увид во атмосферата што преовладува во нивниот дом по целиот скандал со Тристан Томпсон, партнерот на Клое Кардашијан кој имаше афера со Вудс Џордан, најдобрата пријателка на  Кајли Џенер.

Всушност, во неколку од прикажаните сцени може да се види целосно скршената Клои која вели дека е “повредена на толку многу начини”, што не е чудно кога се знае дека нејзиниот партнер ја изневерувал не  само додека била бремена, туку и на неколку месеци по породувањето со ќерка Тру.

Фокусот е дефинитивно на Џенер која се справува со фактот дека нејзината најдобра пријателка го уништи животот на нејзината полусестра.

– За тебе и Џордан  ова е како развод – ја теши мајка и Крис Џенер, на што Кајли одговара:

– Таа уништи сè!

Потсетуваме, ова е прв пат дека најмладата милијардерка на светот јавено да коментара за целата ситуација.

фото:принтскрин/инсатграм

To top