Мајката на Кардашијанс/Џенер, Крис, доби скапоцен роденденски подарок од својата ќерка Кајли Џенер вреден 250 илјади долари. Станува збор за црвено Ферари 488.
Снимката од луксузното изненадување ја објави на Инстаграм со описот: „488 за кралицата“. На автомобилот ставила бела панделка, а крис без заддршка извикувала „О, мој Боже!“.
„Тоа е автомобилот од соништата на мојата мајка„, открива Кајли во видеото.
Кон коментарите се приклучи и нејзината сестра Клое, која малку засрамено заклучи:
„Изгледа дека јас својот подарок ќе го дадам подоцна. Шах мат, Кајли“.
„Го кријам ова веќе месец дена и денес најпосле ќе и го покажам“, открива Кајли во снимката која е снимена додека вози кон домот на мајка си Крис која својот 63-ти роденден ќе го прослави на 5-ти ноември.