Радио Милева

Кајли Џенер ја ископира Наоми Кемпбел, а таа не и остана должна, па веднаш и возврати со доказ (фото)

Кајли Џенер ја ископира Наоми Кемпбел, а таа не и остана должна, па веднаш и возврати со доказ (фото)

Наоми Кампбел е една од најпонзатите манекенки на сите времиња, во 90-тите беше вистинска трендсетерка, како на писта, така и надвор од неа.

Токму затоа реагираше на една фотографија на Кајли Џенер. На истата Џенер позира во сива комбинација, а најмногу внимание привлекоа очилата со кристали и истиот ѓердан.

-Кога пријателите ќе ме повикаат на опуштено дружење- напиша Кајли, но Наоми по само неколку часа возврати со своја фотографија.

„Црниот пантер“ објави фотографија од далечната 1995 година од ревијата на турскиот дизајнер Рифат Озбек на која носи речиси исти очила и ѓердан, а со тоа суптилно ја прозва Кајли за копирањето на изгледот.

Во описот само напиша „mood“, што многумина го протолкуваа дека и досадиле нејзините бледи копии. Само неколку дена порано, обожавателите на наоми забележаа дека Ким Кардашијан упорно го копира нејзиниот изглед од 90-тите.

фото:инсатграм/guliver/gettyimages

To top