Пејачката Катарина Каја Остојиќ по раскинувањето со хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ откри дека „не била без момче речиси 12 години“.
„Не бев свесна како е кога си сам. Сега не морам никому да му одговарам каде одам, со кого одам, што правам… Во моментов правам што сакам и колку сакам“, рече пејачката и додаде: „Долго живеев во странство и ми недостигаше Србија. Ми недостигаа луѓето, семејството, пријателите, ми недостигаше да гледам и убави луѓе“.
Каја изјавила дека ја надминала желбата да се забавува со спортисти иако се најзгодни.
„Ги сакам спортистите, бидејќи физички изгледаат одлично и нема ништо поубаво од човек кој професионално се занимава со спорт. Од друга страна, сега ми треба некој што ќе може да ми парира интелектуално, но кој не е од таа гранка, спортистите се топ фраери, но сега ми треба интелектуалец.“
Пејачката изјавила и дека е горда на својата дваесетгодишна ќерка Николина која студира во Америка и истакнала дека за време на воспитувањето на ќерката и недостасувал поранешниот сопруг Никола, но не како маж.
„Ми недостигаше за време на нејзиното воспитување, но финансиски. Нејзе и недостигаше татковска фигура, но ние се снајдовме без него“, изјави Каја во емисијата „Ало насловна“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/kaya_ostojic