Пејачката Каја Остојиќ го загрозила своето здравје поради темпото во кое работи, па за време на ручекот со пријателка, паднала во несвест. Тогаш била итно пренесена на Ургентен центар, а според зборовите на изворот, таа со денови била исцрпена.
-Се чувствуваше уморно и исцрпено, но сметаше дека ништо не е страшно. Се најде со пријателка во ресторан, иако тој ден и беше многу лошо, нарача ручек и се правеше дека се е во ред. По помалку од еден час, среде разговор, потполно побледела и се пожалила дека и трнат рацете. Не помина многу, изгуби свест и пријателката едвај успеа да ја задржи да не падне на под и да не ја удри главата, вели изворот близок до пејачката и објаснува дека на преплашената пријателка на Каја и помогнале неколку луѓе за да ја однесе во автомобилот.
-Пријателката итно ја пренесе на ургентно, иако Каја првобитно не сакала да оди во болница. Таму биле со часови и Каја ја прегледал нејзиниот долгогодишен лекар и пријател. Сите анализи покажале дека нејзиниот организам е во лоша состојба, дека крвната слика никогаш не била полоша и дека ќе мора да одмара за дополнително да не го наруши здравјето. И препорачале промена на исхраната, витамини и разни додатоци во исхраната, по што е пуштена дома, заклучува изворот за еден српски медиум.