Последните неколку недели пејачката Каја Остојиќ е во центарот на вниманието поради разводот од познтатиот диџеј Џуниор Џека.
Имено, како причина за нивниот развод се наведуваше дека наводно Каја го изневерила сопругот.
Меѓутоа, изгледа на пејачката не и е тешко поради разводот, па утеха нашла во хрватскиот фудбалер Матеа Павловиќ со кого се појави на едно случување во Белград.
Се шпекулира дека тој е виновен за нејзиниот развод, а нивната врска е откриена кога пејачката и фудбалерот објавија фотографии од исто место во Франција.
Како што пишува „блиц.рс“ пејачката во еден белградски ресторан се појавила со своето момче од кого не се разделувала.
„Во текот на викендот, сопургот на Сандра Обрадовиќ во еден белградски ресторан организираше прослава за раѓањето на синот. Покрај многу пријатели на Сандра, се појавија и пријатели на нејзиниот партнер. Најмногу внимание привлече Каја која на прославата се појави со момчето Матеа“ вели извор за „Блиц“ кој бил на местото на случувањата.
„Цела вечер седеа заедно, се забавуваа и наздравуваа. Беа пресреќни и весели, сите имаа прилика да видат колку се заљубени. Со оглед на тоа дека Каја неодамна се разведе, многумина беа изненадени кога таа се појави со ново момче. Но, кога видеа како се гледаат, присутните сфатија дека станува збор за вистинска љубов.
Инаку, неколку часа пред да се појави на роденденот, Каја беше гостинка во емисијата „Премиера викенд специјал“ каде на прашањето за новото момче откри дека е среќна.
„Се изгорев затоа што својот приватен живот го прикажав во јавност и тешко ми е поради се што се случува. Јас сум среќна колку можам да бидам среќна во оваа ситуација, не сакам повеќе да зборувам за својот приватен живот“ изјави Каја.