Со желби за поубава година од претходната, влеговме сите во Новата 2024-та, па така влегоа и македонските јавни личности.
Но, кога е во прашање почетокот на годината некои ја дочекаа надвор од границите на Македонија, а некои сега одлучија да го направат тоа и да заминат некаде за еуфоријата што подолго да им трае но и да им тргне на убаво.
Па така, многумин од нив на Инстаграм веќе се пофалија со новите фотографии кои ги споделија со следбениците и открија кој(а) каде заминал(а).
Македонската пејачка и виолинистка Андријана Јаневска, овие денови одлучила да ги искористи за престој на чист планински воздух, па изборот паднал на Маврово.
На фотографијата ja сподели зимската глетка со снег и покажа каде точно ужива.
Познатата инфлуенсерка и водителка, Миа Костова на нејзиното стори сподели од ноќната прошетка низ Охрид кој и во студените денови е навистина убав и магичен.
Ракометниот голман Борко Ристовски заедно со семејството заминале во Златибор, а на кратката објава на Инстаграм сподели приватни моменти од ресторанот, додека неговото синче Душан си играл со омилените играчки со ликовите на познатите стрип и филмски јунаци.
Пејачка Тамара Тодевска заминала на нејзината омилена дестинација Маврово, локација која често ја посетува и без некој поголем повод.
Таа го тагна хотелот каде што престојува, а потоа сподели и кој и прави друштво. Меѓу верните другарки и некои лица кои се надалеку познати, како топ моделот Катарина Ивановска, на пример!
Празничната, новогодишна атмосфера ја држи и ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски, која отпатува и прати поздрав од Солун, Грција.
Таа позираше задоволно покрај новогодишната елка и морето, а повеќе од сигурно е дека екс водителката квалитетно и перфектно го поминува времето.
Фото: Printskrin/Instagram