Белата е боја на зимата… Бели магливи утра, бели замрзнати прозорци, бел е воздухот од топлиот здив, бел е снегот што прекрива се наоколу… Се’ е бело, па бела е и таа – Лила, нашата водителска ведета. Бела во духот на годишното време, бела како снежна зима.
Бела е постелата во која се буди разголена, бела е шолјата од која го пие првото утринско кафе…
…Бели се бањарката и пешкирот после топлата утринска купка пред појадок…
…Бел е погледот низ прозорецот од хотелската соба, бел е снегот што го гази и обувките на нејзините нозе…
…Конечно, бело е и она што го носи на себе…
Едноделно бело боди од најпознатиот домашен бренд за долна облека, кое ги истакнува бујните облини, долгите тенки нозе, ги потенцира широките колкови и останатите телесни атрибути на водителката.
Лила, во поза ала Џеј Ло и… Бело е сè во срцево, бело е сè пред очиве… Се’ е бело, по цело тело!