Многумина од македонските јавни личности се пофалија дека годинава на Бадниковата вечер, кај нивните деца се паднала паричката.

Кај Тамара Тодевска паричката се падна кај ќерката Хана, Весна Бејби напиша дека без местенка паричката ја доби Мина, а и Илина, ќерката на Сара Мејс и Димитар беше исто така најсреќна.

Кај Татјана Лазаревска, која Бадник го прослави со семејството во Мелбурн, паричката ја доби синот Стефан, а втора година по ред паричката кај Борко Ристовски ја добива син му Душан, а годинава паричката му се падна и на Ијан, синот на Нора Шаќири.
Дека ѝ се паднала бадниковата паричка се пофали и експратеничката Фросина Ременски, пејачката Верица Пандиловска, а и Хелена Роза од Нов Зеланд испрати порака дека по 12 години паричката е конечно кај неа.

Еве кај кого уште се падна паричката за Бадниковата вечер…