Пејачката Ана Николиќ по породувањето се бореше со вишокот на килограми, но со разни диети и фитнес вежби успеа да ја доведе својата линија до совршенство.
Меѓутоа, таа не престанува да слабее, а нејзините последните фотографии кои се направени во текот на вчерашниот ден (15 април) покажуваат дека пејачката изгледа уште послабо.
Имено, пејачката при излегувањето од својот дом се појави во краток фустан и високи чизми, а во оваа модна комбинација покажа дека се ослободила од уште вишок на килограми.
Меѓутоа, она што многумина го забележаа е ташната “Bottega Veneta” која чини 2 200 евра.
Инаку, неодамна Ана предизвика лавина од коментари кога на социјалните мрежи објави видео каде што таа чисти во својот дом бидејќи нејзината помошничка не може да дојде поради короната.