Актерот Том Круз и Никол Кидман кои беа во брак до 2001 година, денес важат за едни од најголемите ѕвезди.
Во текот на нивниот 11 годишен брак, тие посвоија две деца, Изабела Круз која денес има 26 години и Конор Круз кој денес има 24 години.
Изабела Круз која е позната под прекарот Бела е позната модна дизајнерка и застапник на саентологијата и им помага на новите членови додека да се прилагодат.
Изабела во 2015 се омажи со Макс Паркер со кого живее во Лондон, а меѓу поканетите не биле нејзините родители кои ја посвоиле. Меѓутоа, Том Круз иако не бил присутен на венчавката ја платил целата прослава.
Интересно е што на прославата не била ни Никол Кидман, која во тој период била во Лондон.
Во едно од ретките интервјуа, Изабел истакна дека не се точни тврдењата дека не е во контакт со родителите.
Од друга страна, помладиот Конор се одлучи за живот во Клирвотер. Некое време работел како диџеј, но набргу ја напуштил ова професија и почнал да се занимава со риболов.
„Конор живее едноставен живот. Има свој дом како дел од саентолошката заедница и се занимава со риболов“ вели извор.
Конор наскоро би требало да стапи во брак со Италијанката Силвија.
Како што пренесуваат медиумите, овој пат за дозвола го прашал Том Круз кој пак забранил да ја покани Никол Кидман.