Пејачката Џенифер Лопез е фотографирана додека заминува на снимање на трејлерот за новиот филм во Њујорк, а фановите тврдат дека никогаш не изгледала полошо.
Имено, таа во лежерно издание тргна на снимање, а откако владее корона, познатата ѕвезда најчесто се појавува во спортски комбинации.
Нејзините фановите тврдат дека со новиот стајлинг се надминала себеси и дека претерала со боите.
Имено, Џеј Ло за оваа прилика облече тренерки во разни бои, а на себе имаше и шарена маска. Фановите тврдат дека изгледа како папагал, а многумина и забележаа за нејзината мрска и неуредена коса.
Поради оваа комбинација се најде на листата на најлошо облечени холивудски ѕвезди на неделата.