Јутјубер… Како инфлуенсер, тиктокер или старлета… Професија од новото време! Вирална видео зараза која и кај нас почна да се шири со брзина на светлината. Кај повеќето заради гола популарност, колку да излезат од анонимноста, кај многу малку од нив и нешто да се заработи, кај еден-двајца, и да се живее од неа. Најмногу од правењето подкаст. Или што би рекле „џамче муабет“, зашто според многумина подкастот на Јутјуб е всушност ток шоу за сиромашни… Ток шоу од „Али експрес“ кога веќе „подкастџијата“ нема можност за вистинско ТВ шоу, со сите тертипи на некоја, по можност национална ТВ фреквенција.
Но нејсе, подкастите се далеку од непотребни или непожелни, напротив… Теба да ги има зашто знаат да бидат многу гледани, арно ама… Проблемот е во извртените вредности или што би рекле, што повеќе во нив „се кинат зелени“ тоа подкастите се погледани! Секако, со должна почит кон еден – два исклучоци… Колку да го потврдат правилото!
Токму на ова јавно реагираше познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител Спасе – Рола Јовановски, кој откако македонските јутјубери со свој подкаст почнаа да се множат како зајчиња, се воздржа да не ги отера у мај*ина, ама затоа јавно ги укори.
Имено, теркот: „Баце, ќе дојдеш ли кај мене… нешто да се збори“ толку многу го измести од место, го извади од папучи, па Рола одлучи да им го плесне в лице за да не прават подкасти со „лупање глупости“!
За крај, Рола реши да им прецирира на намножените „подкастџии“ во што е поентата кога веќе седнале да прават рекла – казала муабети. Суштината е во содржината!
Фото: Фејсбук и Инстаграм/Rolla Do Bolla