Кинотеката најавува филмска жетва во „златниот“ месец јули.
Програмата започнува на 1 јули со документарниот музички филм ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ВО ЖИВО ВО „ЛИСИНСКИ“ во продукција на загрепската „Кроација рекордс“ и секој четврток до крајот на месецот под насловот МУЗИЧКИ ЧЕТВРТОЦИ НА „КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ВО КИНОТЕКА публиката ќе има можност да погледне музички документарци од оваа куќа.
Во текот на месецот на програмата е и оскаровецот УШТЕ ЕДНА ТУРА (Druk / Another Round) на Томас Винтерберг и еден од најдобрите европски филмови сезонава, ШАРЛАТАН (Charlatan) на Агњешка Холанд. Публиката ќе може да го погледне и шедскиот филм КОЛКУ БОРОВИНКИ ИМА ВО СВЕТОТ? (Hur många lingon finns det i världen) на Лена Копел, кој го открива хоризонтот на кој се лицата со попреченост.
Од 9 до 14 јули летното кино ќе биде домаќин на програмата на КАФЕ КИНО на СКОПСКО ЛЕТО, а потоа следува насловот СИТЕ ПРОТИВ СИТЕ (Vsi proti vsem / All Against All) на словенечкиот режисер Андреј Кошак, филм со македонско малцинско продукциско учество.
Целосната програма може да ја погледнете на следниов ЛИНК.