Мегафон

Јубилејното 10-то издание на “Здраво млади” ќе се одржи на 27-ми август во паркот на МКЦ

Јубилејното 10-то издание на “Здраво млади” ќе се одржи на 27-ми август во паркот на МКЦ

Јубилејното издание на фестивалот “Здраво млади” е закажано за на 27-ми август во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

“Поминавме 9 лета заедно слушајќи ги најактуелните имиња на прогресивната музичката сцена, а за ова десетто издание на “Здраво млади” досега ги најавивме: данските легенди на инди-рок сцената – “Efterklang”, свежата психоделија од Истанбул – “Lalalar”, неверојатните “Viagra Boys” од Шведска, британското пост-панк трио – “Shopping” и домашните “Funk Shui”, велат организаторите на фестивалот.

“Здраво млади” ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани, кој беше усвоен на 73. Седница на Владата на Р. Македонија.Билетите се веќе достапни на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.

To top