Водителката Јована Јоксимовиќ во својата утринска емисија „Уранак“ на К1 телевизија ги угости проф.д-р гинекоколог Александра Љубиќ и психотерапевтот Зоран Миливојевиќ,а темата беше дали е доцна жената првпат да роди на 35 години.
Јована ја праша докторката кои се ризиците подоцна да се роди дете, како и колку е различна бременоста по 35тата година.
Во текот на дискусијата, Јована го сподели и своето искуство од породувањето.
„Јас кога се породував, сите на клиника ме нарекваа „стара родилка“ бидејќи се породував на 32 години“, изјави Јоксимовиќ.
Потсетуваме, Јована во 2014 година го роди синот Коста, а во 2017 година ги роди близначните Ана и Срна.