Радио Милева актерка

Јована Јоксимовиќ ќе игра во филмот за Тома Здравковиќ

Јована Јоксимовиќ ќе игра во филмот за Тома Здравковиќ

Новинарата и сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована Јоксимовиќ ќе се појави во филмот за Тома Здравковиќ.

Имено, таа ќе се појави во улога на новинарка, а оваа вест ја потврди во новогодишната емисија.

„Мене Бјела во една прилика ми кажа дека пишува улога за мене бидејќи во филмот им треба новинарка. Го прашав дали ќе играм некоја позната, а тој ми кажа: „Непозната, но немој да се грижиш“. На снимањето дојдов возбудена и среќна. Видов дека има малку текст. Жељко седеше и ме бодреше, па сфатив дека се појавувам само 10 секунди“ изјави Јована.

фото: Принтскрин

Водителката ги снимила своите сцени со главниот актер Милан Мариќ кој ја игра улогата на Тома Здравковиќ.

фото: Принтскрин

Јована истакна дека и било тешко да зборува веќе напишан текст.

„Актерството е тешка работа… Требаше да бидам некој кој не сум. Не знам како актерите по снимањето се враќаат на себе“, изјави Јоксимовиќ.

To top