Жељко Јоксимовиќ ја објави новата песна „Мењај песму“, а споругата Јована му беше најголемата поддршка, но и советник за снимањето на спотот.
Јована Јоксимовиќ не крие колку е горда на својот сакан, па веднаш по излегувањето на песната на социјалните мрежи објави еден кадар од спотот и напиша:
-Мојот маж. Обожавам, напиша Јована.
Инаку, текстот на песната е на Вјекослава Хулиќ, додека пак музиката и аранжаманот на самиот Жељко.
Инаку, покрај новата српскиот пејач ја продолжува концертната турнеја „Два света“ , која минатата година ја претстави и во Скопје.