Веројатно малкумина знаат дека Јована Јоксимовиќ три пати му го кажала судбоносното „да“ на својот сопруг, пејачот Жељко.
Жељко и Јована се венчаа на Малдиви на 20 јануари 2012 година, но по враќањето во Србија настанаа вистински перипетии околу признавањето на тој брак. Тие уште еднаш се венчаа во присуство на сведоци во нивниот стан во Белград, а во 2014 година уживаа во црковна венчавка и свадбената веселба, на кои присуствуваше и самиот врв на српската елита.
Кога пред девет години се омажи за Жељко на Малдивите, Јована блесна во прекрасен бел фустан, кој одлично го истакна нејзиниот тен. Цветно венче во косата, едноставен букет и плажа беа се’ што беше потребно за оваа бајка да започне на неверојатен начин.
Но, кога го кажаа судбоносното „да“ на плажата, не ни помислуваа на перипетиите што ги чекаат во Белград, поради што повторно ќе се венчаат во нивните четири ѕида.
Црковната венчавка се случи две години подоцна, кога во црквата Александар Невски на Дорќол, Јована и Жељко го кажаа судбоносното „да“ пред Бога.
Јована потоа блесна во прекрасна венчаница од тантела, која за неа ја дизајнираше Дарко Костиќ, а во раце го носеше синот.
Тогаш на големата свадбена веселба се собрала српската елита, а настанала една многу непријатна ситуација, бидејќи на свадбата на Јована и Жељко Јоксимовиќ по долги години за прв пат се сретнале Чедомир Јовановиќ и Цеца. Но, поради драгите пријатели, гостите најдоа начини да ги надминат непријатностите, за да не им ја расипат радоста на младенците.
Кум на свадбата на Јована беше Срѓан Предојевиќ со кој со години беше водителка на „Утринската програма“ на Прва ТВ, но откако зобајцата заминаа од таму се скараа и сега се во лоши односи.
Свадбената веселба се одржа во еден елитен ресторан, а меѓу гостите беа Бранка Невистиќ, Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Саша Матиќ, Халид Муслимовиќ, Зорица Брунцлик, Ана Бекута и многу други.
Фото: Инстаграм принтскрин/jjovanajoksimovic