Радио Милева

Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ дадоа отказ на Прва, еве кој ќе биде новиот водител на утринската емисија

Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ дадоа отказ на Прва, еве кој ќе биде новиот водител на утринската емисија

Водителскиот тандем Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ ја прекинаа соработката со Прва телевизија и повеќе нема да бидат водители на Утринската емисија.

Наместо нив, нов водител на утринската емисија е Филип Чукановиќ. Утринава наместо Јована и Срѓан тој им посака добро утро на гледачите.

фото: принтскрин

Како што пишуваа медиумите, Јована и Срѓан нема да имаат отказен рок и повеќе нема да ја водат утринската емисија. На Јована вчера и беше последен работен ден, а на Срѓан пред два дена.

To top