Радио Милева секаде главна...

Јована Јеремиќ се појави на важен настан како „дива мачка“: „Дојдов сите да ве пореметам“! (ФОТО)

Јована Јеремиќ се појави на важен настан како „дива мачка“:  „Дојдов сите да ве пореметам“! (ФОТО)

Водителката Јована Јеремиќ привлекува големо внимание во јавностакаде и да се појави. Нејзините стајлинзи во утринската програма не поминуваат незабележано, но и надвор од малите екрани, Јована умее да жари и пали и со своето однесување и своите изјави, и секако со модните детали.

 

Имено, во српската престолнина  се одржа еден голем настан, а на прославата дојдоа голем број познати личности, меѓу кои гостинка беше и Јована Јеремиќ. Водителката се појави облечена во леопардов  комбинезон или поточно во имитација на кожа од јагуар.

 

Стегната, се пукаше на неа, а сите облини на расната водителка се отцртуваа  и излегоа на виделина. Логично сите очи на јавноста таа вечер беа фокусирани на неодоливата секси појава на Јована.


„Вечерва дојдов со брат ми и една другарка“ – рече таа при влезот на прославата, на која за кусо време покажа дека и овде умее да биде онаа, главната.

Најпрвин се качи на сцената , го зема микрофонот па запеа заедно со музиката…

За потоа да биде запаметена по изјавата:

„Дојдов сите да ве пореметам. Некои зради тоа ќе го загубат своето место, но секој ќе си дојде токму на она кое му припаѓа по природно право“ – им порача Јована, на која никој не и забележа, познавајќи ја смислата за хумор на водителката.

Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana

To top