Радио Милева љубовна намера

Јована Јеремиќ направила скандал: Била на работа кај бившиот сопруг и се заканила на вработените жени (Фото)

Јована Јеремиќ направила скандал: Била на работа кај бившиот сопруг и се заканила на вработените жени (Фото)

Водителката Јована Јеремиќ пред една година се разведе од сопругот Воислав Милошевиќ но, секогаш кога некој ќе го спомнеше како „бившиот“, таа веднаш го поправаше, со напомена дека таа не го нарекува така, туку изјавува дека тој е нејзиниот прв сопруг.

Колку е заљубена, посесивна и себична сама открила кога на сите жени им се заканувала дека никако не смеат да му пријдат на Милошевиќ со било какви љубовни намери.

Како што изјавила, се осмелила да оди кај него на  работа, а таму побарала да разговара со сите жени за да им каже дека тој, иако поранешен, сепак е нејзин.

„Се јавив на неговата шефица и ѝ реков: „Извинете, ми требаат само две минути да ги „средам“сите жени на работа, имам нешто важно да им кажам“. Се појавив таму  и реков дека ќе им одземам точно 60 секунди од нивното време. Тогаш јасно им кажав: „Ако некој му пријде на маж ми во љубовна или сексуална смисла, имате право на избор; или ќе ве згазнам на пешачки премин или ќе фрлам бомба врз вас. Изберете што сакате“ – изјави Јеремиќ во емисијата „Балкан инфо“.

 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/jeremicjovana

To top