Тања Савиќ неодамна ја напушти емисијата „Амиџи шоу“, а како што истакна тоа го направила поради Јована Јеремиќ.
Имено, Тања изјави дека не сака да гостува во иста емисија со Јована и дека на неа премногу и се дава медиумски простор.
-Тука најмногу виновен е Огнен Амиџиќ. Тоа никогаш немаше да го направам ако имавме договор. Кога пристигнав, ја видов Јована Јеремиќ. Не сакав со неа да седам во иста емисија. Таа е личност која премногу се фали и премногу добива медиумски простор. Одликата на интелигентните луѓе е да дозволите другите да ве фалат. Таа во медиумите и пренесе некои работи за мене. Огнен, едноставно мора да ги бира гостите, изјави Тања.
Секако, Јована не остана должна на оваа изјава.
-Само Тања нека не ми зборува за интелигенција. Некој кој покажа дека е неителигентен и образован во секоја смисла, некој кој е несигурен во себе, кој глуми дежурна будала во медиумите, на некој кој најголем успех му е да го поврзат со политичар. Тоа е Тања Савиќ. Тоа е најгледана емисија во сезоната, наместо да го искористи просторот кој и беше даден, таа си замина бидејќи не може да ја поднесе доминацијата на интелигентните и образовните луѓе во емисија. Јас сум кралица, тоа е нејзин пораз, порача Јована Јеремиќ за „Србија данас“ и додаде:
=Таа немаше никаков договор, Огнен не прави договор со гостите, туку ги поканува во емисија. Тања, ако е навикната да прави договори со водителите за да дојде во некоја емисија, тогаш не треба да е јавна личност. Тања Савиќ не може да зборува за интелигенција која со својата досегашна работа, живот и изјави покажа дека е глупа како ноќ. Нема завршено ни трето основно училиште, така да за интелгинеција може да ми зборува некој кој е поинтелигентен и обрзован од мене. Тања е глупа и необразовна, заклучи Јеремиќ.
фото: инстаграм