Радио Милева мешај мала, машала...

Јована Јеремиќ „го запали“ студиото: Водителката со „жежок валкан танц“ ја започна утринската програма (ВИДЕО)

Јована Јеремиќ „го запали“ студиото: Водителката со „жежок валкан танц“ ја започна утринската програма (ВИДЕО)

Водителката на утринската на ТВ Пинк, контроверзната Јована Јеремиќ е постојано главна тема во медиумите во последно време,  полнејќи ги порталите со своите изјави, постапки, изглед, стајлинг и објави на Инстаграм.

Таа сега го објави својот “жежок танц“ кој беше создаден во студиото, а луѓето сè уште зборуваат за неа. Кореографијата е многу интересна, а за вакво нешто мора да се вежба, бидејќи чекорите се многу сложени. Барем тоа така изгледа, но не и за Јована.

Водителката се крши, скока, клекнува, ниша со колковите и се врти во ритамот и мелодијата на песната на Теодора Џехверовиќ со наслов „Кучка“. Или што би рекле: „Мешај мала, машала…“!

Таа носеше интересен комплет од црна боја со реси, така што и ресите се движат и пафтаат според нејзините чекори.

Јована овој пат е во топ со длабоко деколте, па нејзините бујни гради немирно потскокнуваат додека водителката го танцува својот жежок валкан танц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Фото: Инстаграм/jeremicjovana

To top