Водителката Јована Јеремиќ денеска го слави својот 33 роденден, а нејзиниот поранешен сопруг Воислав Милошевиќ со кој ја има ќерката Леа и упати љубовна честитка, а таа веднаш ја сподели нивната преписка.
Тој и испрати порака во која јасно стави до знаење дека и понатаму неизмерно ја цени и почитува. Покрај здравје, љубов и среќа, Воја за Јована имаше и други убави желби:
– Лавице, среќен роденден! Стандардно, да ти посакам здравје, љубов, среќа, успех… Но Господ да ти даде доволно сила, мудрост, трпение да сонуваш големи соништа и да ги живееш тие големи соништа. Да не се откажуваш од се што си наумила и секогаш да правиш нов чекор напред, без разлика колку е тешко. Чекор кој ќе биде запишан, обележје на сите времиња по кое ќе бидеш запаметена. И ако луѓето понекогаш умираат, нивните дела траат вечно, запишани меѓу заслугите на оние кои имале храброст да ги живеат своите најголеми соништа во реалност. Да си жива за многу лета! – напиша Воја, а Јована веднаш му одговори:
View this post on Instagram
– Ти благодарам, мое добар мој лаву. Ти си мојата душа. Лавицата секогаш ќе те поддржува, го знаеш тоа. Додека е жива! – му напиша Јована на поранешниот сопруг кого го нарекува прв сопруг. Инаку, Јована и Воислав по разводот останаа во одлични односи.
– Првиот сопруг го доживувам како син. Ќе има жена и ако даде Господ ќе се ожени и ќе добие трето дете. Единствената непроменлива жена во животот на Воја е Јована Јеремиќ, а тоа мора да го знае и почитува секоја жена што е со него. Затоа што ако на Воја му недостасува влакно од главата, ќе го превртам целиот свет за да му помогнам. Заедно поминавме 4 години и никогаш не ме изневери. Ме поддржа и ми даде колку што можеше во дадениот момент. Секој што ќе се обиде да го допре ќе има проблем со мене. Кога нешто му недостига, правам се што треба – изјави неодамна Јеремица и додаде: – Воја ми беше пријател. За мене сите големи љубови се случија од пријателство. Ова е најискреното интервју што сум го дала. Не можам да водам љубов ако не чувствувам дека тоа е нешто реално и дека тој ме разбира по друга основа. Не ми беше тешко бидејќи претходно ми беше голем пријател – изјави тогаш таа за „Курир“.
Фото: Принтскриб/Инстгарам/Јована Јеремиќ /Марко Џоковиќ