Водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг, пејачот Жељко Јоксимовиќ возат нови автомобили, а како што пишуваат српските медиуми нивната цена изнесува околу 250 000 евра.
Имено, екипата на „Папарцо лов“ ги снимаше Јована и Жељко како се возат во своите нови автомобили.
Жељко го вози најновиот модел на „БМВ“, а неговиот автомобил со добра опрема изнесува околу 130 000 евра.
Освен Жељко, и Јована се поднови со нова „машина“. Овој автомобил со комплетна опрема изнесува 120 000евра.
Потсетуваме, откако Јована замина од „Прва“ телевизија, некое време беше без работа, а сега работи на утринската програма на телевизијата кај нејзиниот сопруг.