Радио Милева

Јована и Жељко Јоксимовиќ го реновираат домот, а само ова ќе ги чини 20 илјади евра

Јована и Жељко Јоксимовиќ го реновираат домот, а само ова ќе ги чини 20 илјади евра

Пред неколку месеци, како што пренесоа српските медиуми, Јована и Жељко Јоксимовиќ ја пазарија куќата на Сењак во вредност од 2,5 милиони евра.

Според “Курир”, двојката моментално работи на реновирање на куќата, а покрај планот да се направи фасадата во текот на летото, водителката и пејачот моментално ја уредуваат бањата, и не ги штедат парите.

– Тие сакаа да се преселат во новата куќа што е можно поскоро, и покрај тоа што сè не беше реновирано на начинот на кој тие го сакаа. Спалните и дневната соба беа совршени уште пред да се преселат, а остатокот од собите не беа. Сега тоа е најголемата бања, која ќе биде целосно реновирана. Санитарија и друга опрема беа купени во Србија, во луксузна продавница со продажба на само брендирана и скапа опрема. Џакузито ќе биде огромено, мислам дека во Србија нема такво нешто. Тоа чинеше 7.500 евра – изјави за медиумот извор близок до Јоксимовиќ.

– Реновирањето на бањата ќе ги чини над 20.000 евра. Мислам дека до есен ќе бидат завршени сите работи и дека Жељко и Јована конечно ќе можат да се одморат. Коста беше воодушевен од новата куќа, тој самиот избра мебел за својата соба, а мама и тато ја исполнија секоја негова желба. Близнаците Срна и Ана се уште се мали за да разберат – завршил изворот.

фото:инсатграм

To top