Радио Милева

Јована и Жељко Јоксимовиќ ги собраа сите погледи на МАС

Јована и Жељко Јоксимовиќ ги собраа сите погледи на МАС

Вчеравечер во „Штарк Арена“ во Белград се одржа манифестацијата доделување на „MAC“ награди каде се собраа познати регионални ѕвезди.

Меѓу нив беше пејачот Жељко Јоксимовиќ со неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ. Познатиот пар ги собра сите погледи на црвениот килим.

Жељко и Јована се појавија во елегантни модни комбинации, додека водителката носеше прекрасна креација со жолта лента врзана во машна.

Јоксимовиќ истакнаа дека се воодушевени поради оваа манифестација.

„Многу убави луѓе, многу убаво средени“ изјави Јована.

На оваа манифестација учествуваше и Каролина Гочева која освои награда за добра етно нумера.

To top