Радио Милева

Јована и Жељко Јоксимовиќ ги снајде вистинска драма на аеродромот во Атина

Јована и Жељко Јоксимовиќ ги снајде вистинска драма на аеродромот во Атина
фото:курир.рс

Брачните сопружници Јоксимовиќ заедно со синчето Коста, решија своите близначки и сестричка  да ги однесат на првиот одмор и лет со авион до станот кој го имаат во Атина, пишува српскиот портал „Глоси“.

Таман кога слетале на аеродромот, среќни што близначките го преспале летот, Жељко и Јована ги снашла вистинска драма, од која особено нервозна била Јована.

Имено, само што ја поминале контролата, сфатиле дека нивните куфери ги нема, реагирале, но ги известиле дека багажот им е изгубен.

Јована не сакала да продолжи кон станот без багажот каде имала многу работи за децата, па го пратила Жељко да ги однесе во станот, а таа останала да ги чека куферите.

фото:блиц.рс

По неколку часа преседени на аеродромот во Атина, српската ТВ водителка најпосле го добила  багажот со извинување.

Останати вести од Радио Милева