Брачните сопружници Јоксимовиќ заедно со синчето Коста, решија своите близначки и сестричка да ги однесат на првиот одмор и лет со авион до станот кој го имаат во Атина, пишува српскиот портал „Глоси“.
Таман кога слетале на аеродромот, среќни што близначките го преспале летот, Жељко и Јована ги снашла вистинска драма, од која особено нервозна била Јована.
Имено, само што ја поминале контролата, сфатиле дека нивните куфери ги нема, реагирале, но ги известиле дека багажот им е изгубен.
Јована не сакала да продолжи кон станот без багажот каде имала многу работи за децата, па го пратила Жељко да ги однесе во станот, а таа останала да ги чека куферите.
По неколку часа преседени на аеродромот во Атина, српската ТВ водителка најпосле го добила багажот со извинување.