Радио Милева промоција

Јоце Панов го промовираше „Ни Љ од љубовта“, иако е „заљубен до уши“: Ни во лето ни во зима, нигде без Марина! (ФОТО)

Јоце Панов го промовираше „Ни Љ од љубовта“,  иако е „заљубен до уши“: Ни во лето ни во зима, нигде без Марина! (ФОТО)

Во четвртокот вечер, на 26-ти април во преполниот скопски ресторан „Дион“ крај кејот на Вардар веднаш до самиот плоштад Македонија, Јоце Панов ја направи својата македонска промоција на новиот албум кој носи наслов по една од неговите песни „Ни Љ од љубовта“ испеана на „Скопскиот фестивал“ во 2014 година.

На промоцијата пред новинарите, пријателите и пријателките…

…соработниците, спонзорите и колегите, Јоце го претстави материјалот од ова негово ново ЦД кое е спакувано во луксузно пакување, што е денес вистинска реткост со оглед на никаквата продажба на носачи на звук.

Во пријатна атмосвера на убавиот амбиент на ресторанот, штипјанецот дел од песните ги изведе во живо, а на тоа му се приклучија и некои од неговите колеги како фолк ѕвездата Наум Петрески со кого Јоце го има дуетот „Потроши“.


Евидентно е дека Јоце полека станува балканско име, еден од ретките македонски пејачи што тргна да го освојува регионот, започнувајќи од северниот сосед – Србија, каде што неодамна изданието за тој пазар насловено „Ни Љ од љубави“ ја имаше и својата белградска промоција.

Оттаму и очекувањата дека наскоро Македонија ќе може да се пофали со уште еден квалитетен извозен музички производ.

На промоцијата Јоце на сцената го придружуваа музичарите од неговата придружна група, а приватно – неговата љубов, девојката Марина Нацевска, со која се повеќе можат да го видат во јавноста.

Според  она што  е познато Јоце не се двои од неа. Секогаш кога може, таа е во негово друштво, а пејачот ни во лето ни во зима, нигде без Марина!

Доказ – фотографиите постирани на социјалните мрежи! Што ти е живот: Јоце Панов го промовираше „Ни Љ од љубовта“, а самиот е „заљубен до уши“!

 

To top