Водителката Јована Јеремиќ или како што сака да каже кралицата на шерот и гледаноста, има јасна порака по роденденската прослава за која се уште се зборува.
„Еден ден ќе се снима филм за мојот живот и дело, како за Тома Здравковиќ“ – изјави водителката во интервју за српски Курир.
„Ќе се снима филм за мојот живот како за Тома, запишете што сум ви кажала“ – рече Јеремиќ.
Останува да видиме дали тоа ќе се оствари, а дотогаш нејзината изјава заслужи да осмне во напис со наслов: „Една е Јована“.
Јована откри и какви други желби имала на прославата:
„Од минатата година сите желби ми се исполнија, а сега имам само една: Да сакам и да бидам сакана. Мојот партнер да ме сака исто како и јас него. Тоа е мојата единствена желба. Тоа ми е најважно“ – изјави на роденденот Јеремиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/jovanajeremicmilosevic