Мегафон

Јелена Томашевиќ, Димитар Андоновски и Тајфата на 27-ми август ќе ги забавуваат кривопаланчани

Јелена Томашевиќ, Димитар Андоновски и Тајфата на 27-ми август ќе ги забавуваат кривопаланчани

Познатата српската пејачка Јелена Томашевиќ во понеделник ќе одржи концерт во Крива Паланка. Концертот е закажан за 21 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.  Јелена гостува по  повод одбележувањето на Денот на рударите,  кој ќе се празнува следниот ден, на 28. август.

Организаторите упатуваат отворена покана за концертот на кој посетителите ќе може да уживаат во познатите хито  „Јутро“, „Нема Кога“, „Оро“, „Кошава“, „Океани“ и многу други.

Пред да настапи популарната пејачка Томашевиќ како нејзина предгрупа се најавени Димитар Андоновски и „Тајфата“.

Инаку, на 25 август на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на „Џојфест“, каде што ќе настапи на Рибја Чорба.

извор: ипортал

To top