Македонската водителка Јелена Спенџарска често е активна на социјалните мрежи, посебно на „Инстаграм“ каде што има околу 29 000 следбеници.
Од промоција на разни брендови, разни „give away“ односно наградни игри, фотографии од патувања, совети, мислења, секојдневни активности и ангажмани може да се најдат на профилот на водителката.
А овој вид на комуницирање со оналајн корисниците стана секојдневие, па така денес преку „Фејсбук“; „Инстаграм“ може да дознаете кој каде е и што прави….
Водителката кога станува збор за нејзиниот професионален живот често открива детали, но кога станува збор за нејзиниот емотивен или љубовен статус, малку е резериврана, па не открива дали има момче или е „сингл“.
Меѓутоа, деновиве на „Инстаграм“ објави статус со кој откри дека лесно и брзо се заљубува.
„Можам книга да напишам инспирарана од брзите одлуки кои ги донесувам за мажите. Скоро секогаш брзо се заљубувам без да размислувам на ризикот кој секако е тука како резултат на моите постапки.
Јас не сум само личност која секогаш го гледа најдоброто во луѓето, туку мислам дека и секој е емотивно способен да го достигне својот највисок потенцијал.Се имам заљубено толку многу пати во потенцијалот на мажот отколку во самиот маж што имам заглавено во врски(понекогаш и подолго од што треба) чекајќи истиот тој маж да ја достигне и да почне да ја живее својата големина. Многу пати во љубовта ЈАС СУМ СИ ЖРТВА НА СОПСТВЕНИОТ ОПТИМИЗАМ!“ стои во последната објава на Спеџарска.
Дали водителката е заљубена не знаеме, но останувса да покаже нашиот најдобар сојузник – времето.