Радио Милева

Јелена Спенџарска „манијак“ на плажа: Водителката сними непозната девојка, па јавно и се обрати: „Невозможно е да не ја гледам“

Јелена Спенџарска „манијак“ на плажа: Водителката сними непозната девојка, па јавно и се обрати: „Невозможно е да не ја гледам“
фото: принтскрин/инстаграм

Надвор веќе владеат високите температури, а граѓаните брзаат да се спасат некаде од горештините и да се опуштат од работните обврски.

Многу јавни личности веќе уживаат на некоја егзотична дестинација полнејќи ги батериите.

Македонската водителка Јелена Спенџарска постојано е активна и на физички план, но и активен корисник на социјалните мрежи.

фото: Принтскрин/инстаграм

За летниот одмор таа се подготвува однапред со редовни физички активности, баланисирана исхрана….а за се тоа ги известува „инстаграмџииите“.

Спенџарска може се пофали со одлична фигура и витка линија на која може да и позавидат многу девојки.

фото: Принтскрин/инстаграм/јеленаспенџарска

Деновиве Спенџарска фаќа боја  и ги полни батериите на плажа.

Надвор од секојдневните обврски, Јелена ужива на сонце…. но и се прави папарацо или како што вели таа манијак…

Јелена во кратките приказни на „Инстаграм“ објави видео на кое снима една непозната девојка, а во описот напиша:

„Манијак сум признавам….ама ова со сигурност е најзгодната девојка на плажа…каква е стегната невозможно да не ја гледам. Посебно ја гледаат жените. Секоја чест. Што е добро – добро е“ напиша Јелена во описот на една фотографија….

фото: принтскрин/инстаграм/јеленаспенџарска

Спенџарска се мотивараше од згодната девојка, па продолжи да и дели комплименти.

„Каква мотивација значи БРАВО.Ја гледаш и си викаш –  само да се вратам дома има одма на работа да се фрлам на работа ваква да се направам“ порача водителката.

фото: Принтскрин/инстаграм/јеленаспенџарска

Веруваме дека Спенџарска по одморот ќе ги наполни батериите и повторно ќе се врати на своите физички активности.

Останати вести од Радио Милева