Радио Милева

Јелена Спенџарска ќе се мажи?

Јелена Спенџарска ќе се мажи?

Десетиот јубилеен Саем на венчавки ќе се одржи од 21 – 23 февруари во еден познат хотел во Скопје.

Многу македонски водителки, пејачки, јавни личности ќе блеснат во бело на 10-то издание на Саем на венчавки.

Екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ ја посети водителката Јелена Спенџарска во нејзиното студио на Канал 5 телевизија и ја прашаа дали е точно дека ќе прави голема свадба од 21- 23 февруари.

фото: Принтскрин/јууб

„Вие нешто сте слушнале, но сте разбрале. Да, ќе има нешто поврзано за свадби. Тоа е 10-иот по ред саем за венчавки. Така да сите оние кои што размислуваат за свадба може да дојдат да организираат свадбата за два дена“ вели водителката.

Таа исткана дека на саемот многу јавни личности ќе облечат и невестински фустани, а меѓу нив и Симона Поповска, Милена Антовска, блогерката Елеонора Миљковиќ и многу други.

фото: Принтскрин/јутуб

Спенџарска во интервју за „Бекстејџ“ исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам. Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска.

фото: Принтскрин/јутуб

На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде. Кај мене изгледа уште не дошло. Ама моментално не знам“ вели Јелена и открива дали е заљубена.

фото: принтскрин/јутуб

„Моментално не сум, имам многу убави работи кои ми се случуваат во животот и сум фокусирана на нив. Но, како викаат, кога се сакаш себе, кога инвестираш во себе и се трудиш, и мажот ќе си дојде. Не треба ти го бараш туку тој ќе те најде. И јас чекам тој да ме најде“ вели Спенџарка.

Епа го чекаме вистинскиот маж да ја најде водителката, па и наскоро да го објави датумот за својата свадба.

Дотогаш погледнете го интервју за Бекстејџ.

To top