Радио Милева Се смени од корен

Јелена Спенџарска има нова фризура и проблем што сака да го има… Зашто така и е многу убаво!? (ФОТО)

Јелена Спенџарска има нова фризура и проблем што сака да го има… Зашто така и е многу убаво!? (ФОТО)

ТВ водителката на Канал 5,  Јелена Спенџарска и буквално реши да се промени од корен. Се разбира кога е изгледот во прашање, особено фризурата, која реши малку да ја осветли, избланшира, исшатира… Од корен секако, а и малку да ја потстриже, до душа не до корен!

За новиот изглед водителката собра куп комплименти од своите пријатели и обожаватели и по некој напис во македонските модните портали. Што е право- право, навистина со тој имиџ Спенџарска изгледа многу помодерно, поурбано, поатрактивно, посекси…

За понежниот пол велат дека важи непишаното правило: „Жената ја крати косата само тогаш кога и се ускратени некои важни нешта… Или поточно, кога е повредена, разочарана, незадоволна“. Нормално, не мора да е секогаш така, ама најчесто сепак… е!  Е сега, што ли беше тоа што ја натера згодната беровка да ја направи промената, што ли ја наведе вита Јела на ваков чекор… Знае само таа! Ама како не додржа а да не ја покаже новата фризура, Спенџарска не додржа и да не ја подотвори душата, па во статусот на својот Фејсбук профил покрај фотографијата со новиот  „beauty look“  by „Social Hair Saloon“ напиша:

„Имам огромен проблем во комуникација со искомплексирани луѓе и многу ми е УБАВО поради тоа“! 

Чудна некоја причина, ако е воопшто тоа причината за „визуелна трансформација во социјалниот салон“ на водителката!? Само да не испадне како она во познатата песна на „Студени нозе“:  „Ти си ПРОБЛЕМ, што САКАМ да го ИМАМ…!?

 

To top