Радио Милева Викенд приказната продолжува

Јелена Спенџарска – дружељубивата девојката од фотосесијата во планинската брвнара: “Еден на еден“ или со друштво во шумскиот рај на Боровец? (ФОТО)

Јелена Спенџарска – дружељубивата девојката од фотосесијата во планинската брвнара: “Еден на еден“ или со друштво во шумскиот рај на Боровец? (ФОТО)

Фотографиите кои ги објави водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска од одморот во Боровец предизвикаа „бура“ на социјалните мрежи.  „Бурата прерасна во ураган“ откако непосредно по нејзините осамнаа и фотографии од извесен Абдија Асанаи,  фотографиран на истото место, очигледно во исто време, во истите пози како и Јелена, по што тргнаа приказните дека се работи за “две гулапчиња во љубовна врска“, заминати на викенд, далеку од очите на домашната јавност!

По вчерашната лавината од написи на македонските портали, се огласи и водителката која за порталот Репортер.мк  ги демантира шпекулациите и тврди дека не е се ‘ така како што на прва изгледа и дека тие со посоченото момче се само пријатели.

„Таму бевме поголемо друштво, и тоа сместени во две викендички, „Малина“ и „Јагода“, кои се една до друга. Во саботата вечер се собра целото друштво и правевме фотосесија. Повеќе луѓе ги имаат истиве пози и фотографии како јас и Абдија. Не е фер што веднаш ме поврзаа со Абдија, кого го знам од многу одамна и се дружиме“ – изјавила Спенџарска!

Можеби…! Арно ама, ако малку логички размислите, веднаш ќе ви паднат во очи неколку работи.

Како прво, ако е веќе друштво и фотосесија, каде се другите од друштвото и фотосесијата на фотографии? Не само на нивните профили на социјалните мрежи, туку и на профилот ка „дружељубивата“ водителка од Канал 5?

Како второ, сличноста на фотографиите е толку очигледна, што е малку веројатно дека се работи за случајност или чиста коинциденција!

Како трето, јасно е дека фотосесијата на објавените фотографии е „еден на еден“…  Односно, еден човек со мобилниот в рака го сликал другиот… За присуство на трети лица, засега докази – нема!

И конечно, ако вечерта во затворениот простор на една од викендичките правеле фотосесија, тогаш што правеле другото утро изутрина, каде на останатите фотографии (чија сличност е повторно очигледна) водителката и „пријателот“ се фотографирани како пијат кафе, чај… Ама секој одделно! На истото место, истата поза… а од друштвото повторно, ни трага ни глас! Останатите на фотографиите никаде ги нема! Можеби спијат до подоцна, а Јелена и „пријателот“ се… ранобудни? А башка, мераклии на фотографирање!?

Од сето ова останува само едно сигурно… Она, од изјавата на Спенџарска:   „…Абдија го знам од многу одамна и се дружиме“! Останатиот заклучок, ако го има, извлечете го сами!

 

To top