Српските медиуми шпекулираат дека хрватската пејачка јелена Розга(41) си нашла нова љубов и тоа во Белград.
Пејачката која беше „соло“ по раскинувањето со Стјепан Хаусер од „2Челос“, наводно е во врска со 11 години помлад Србин.
-Се запознаа на едно случување во Белград и на прв поглед си се допаднаа еден на друг. По повеќенеделно убедување, кога пријателите и објаснаа дека тој е добро момче и дека мора да продолжи понатаму, се согласи да се видат. Откако се сретнаа, сега се неразделни, вели за „Ало“ извор близок до пејачката.
-Јелена не сака да ја изгуби приватноста и среќата која ја има покрај него и веднаш на почетокот го замоли да не открива дека се заедно. За нивната врска знаеја само најблиските, и сигурно уште некое време не да се појават во јавност. Останува само да видиме колку време ќе успејат да се кријат, заклучува изворот.