Хрватската пејачка Јелена Розга одлучи со своите обожаватели да сподели за здравствените проблеми поради кои морала да ги промени животните навики.
Јелена има големи проблеми со штитната жлезда, поради што не би смеела да се занимава со оваа работа.
Можам слободно да кажам дека мој проблем единствено се ќебапи. Ќе запалам цигара понекогаш, а алкохол речиси никогаш не пијам. Се мразам себе си секогаш кога ќе запалам цигара. Не би требало првенствено бидејќи се занимавам со оваа работа,но и поради штитната жлезда, но добро ми оди покрај утринско кафе, рекла Јелена и додала дека сега се чувствува добро.
Најважно е да се погоди вистинската терапија. Јас сосема нормално живеам, немам никакви тегоби. Се навикнав дека тоа е мој проблем и првата работа која ја правам кога ќе станам е да ги испијам таблетите. Супер сум и се чувствувам добро, рекла пејачката.