Радио Милева
здравје

Јелена Розга проговори за здравствените проблеми: „Повеќе немам тироидна жлезда, научив да кажам не“

Јелена Розга проговори за здравствените проблеми: „Повеќе немам тироидна жлезда, научив да кажам не“

Популарната пејачка Јелена Розга проговори за здравствените проблеми. Пејачката истакна дека во текот на пандемијата со коронавирусот научила да каже не и дека на тоа ја принудило нејзината здравствена состојба.

-Повеќе не сум под голем стрес. Не сакам да брзам, посебно не за работа. Повеќе го чувам здравјето, го ценам своето слободно време.Морав поради здравјето. Едноставно морав бидејќи имав проблем со штитната жлезда и повеќе не го кријам тоа. Апсолутно повеќе немам штитна жлезда и си реков: „Е сега е доста, ајде и јас малку да уживам“, изјави Јелена за РТЛ.

Пејачката истакна дека во Новата година си посакува само здравје.

-Само здравје. Здравјето е на прво место и тоа се повеќе го ценам, посебно кога имам проблемчиња. Така да, само здравје, се другото ќе си дојде, изјави Јелена.

фото: ата имагес/инстаграм

Останати вести од Радио Милева