Мегафон Пред настапите низ Македонија

Јелена Розга призна дека во љубовта зема, колку што ќе и дадат (ВИДЕО)

Јелена Розга  призна дека во љубовта зема, колку што ќе и дадат (ВИДЕО)

„Узмем колико ми даш“ е насловот на новиот сингл кој хрватската поп дива  Јелена Розга. Тааденовиве песната ја промовираше заедно со ведриот летен видеоспот. Станува збор за уште едно авторско дело на нејзините долгогодишни соработници, брачниот авторски тандем Тончи и Вјекослава Хуљиќ, кои ги потпишуваат музиката и стиховите, а аранжманот го направил Лео Шкоро, додека видеото е во режија на Дарио Радусин.

„Подолго време сакав да отпеам песна што ќе има ведар дух и позитивна порака. Без кавги, прекинувања, овој пат – само љубов“, напиша русокосата поп ѕвезда претставувајќи ја новата песна.

Инаку неа како и останатите хитови и балади од нејзиниот репертоар, македонската публика ќе може да ги слушне на настапите на Јелена Розга низ Македонија од 24 до 28 август во Прилеп ( клуб „Калипсо“) и на плоштадите во Валандово и Македонска Каменица.

А, како звучи и изгледа „Узмем колико ми даш“ дознајте во продолжение.

To top