Радио Милева на терапија...

Јелена Розга има сериозни здравствени проблеми: „Се случува да бидам потечена и потполно непрепознатлива“ (ФОТО)

Јелена Розга има сериозни здравствени проблеми: „Се случува да бидам потечена и потполно непрепознатлива“ (ФОТО)

Пејачката Јелена Розга проговори за своите здравствени проблеми и стресот со кои се соочува во текот на последниве години од нејзината кариера.

„Со денов претходно чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека тоа е само од стрес и замор, затоа што беше јануари, а претходната година ми беше многу напорна и тешка. Тој ден кога ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето ми чукаше толку многу што се плашев дека само ќе се срушам и ќе паднам“ – рече Розга. Открила дека има проблеми со срцето по еден ненадеен напад што променил сè.

„Најважно е што помалку да се вознемирувам, не само заради срцето, туку и заради тироидната жлезда. После таа епизода во јануари 2018 година, немав поголеми проблеми. Ги одработев сите концерти во изминатите три години без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината, физички се чувствувам одлично. Сè уште можам да пеам и да танцувам со мојата публика речиси два часа“ – рече пејачката.

Таа прима терапија со бета блокатори последните три години поради своето срце, а со години има проблеми со тироидната жлезда. Тоа е хормонска терапија за која Розга пие таблети секое утро. А, проблемите ги открила во 2006 година.

 

„Се будев уморна, постојано се чувствував изнемоштено и слабеев. Отидов на лекар и добив дијагноза. Наскоро почнав да земам лекови, понекогаш е тешко да се живее така, понекогаш е полесно“ – раскажува апејачката.

Овие проблеми многу влијаат на нејзиното расположение, а во комбинација со стресот, сè станува потешко.

„Најлошо за мене е кога ќе се случи да имам закажано снимање, а јас сум целосно потечена. Не си ги препознавам  рацете. Ајде, тоа е најмалку важно затоа што рацете секогаш можете да ги скриете, но моите очни капаци, очите, устата … Знам да бидам потполно непрепознатлива“ – искрена е Розга.

Фото: Приватна архива/Инстаграм принтскрин/rozgajelenaofficial

To top