Јелена Костов е бремена во деветтиот месец и очекува да се породи во секој момент, но фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи покажуваат дека освен стомакот, не се здебелила ниту еден килограм вишок.
Популарната пејачка Јелена Костов неодамна се врати од одмор и го чека моментот кога ќе ја држи својата ќерка во раце, а нејзиниот син ќе добие сестра.
Таа вели дека ѝ се допаѓа бременоста и дека ужива да биде во „поинаква состојба“, а тоа е вистина и можеме да видиме од нејзините најнови фотографии на кои буквално блеска.
Имено, Јелена со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографија на која не се ни забележува дека е бремена, а камоли дека е пред породување, а многумина се прашуваат како успеала да има толку добра линија.
Да потсетиме, пејачката и нејзиниот сопруг Миљан веќе имаат едно дете, Милија, кој има пет години.
Фото:принтскрин/Инстагарм/Јелена Костов