Радио Милева во аутфит за посебни прилики

Јелена Кнежевиќ е ангел што ве тера на грев: Српската мисица и манекенка во секси долна облека од тантела и свила, налик на еротска самовила (ФОТО)

Јелена Кнежевиќ е ангел што ве тера на грев: Српската мисица и манекенка во секси долна облека од тантела и свила, налик на еротска самовила (ФОТО)

Манекенката, бивша мисица и горда сопственичка на „Онли Фанс“ страница, Јелена Кнежевиќ  моментално е една од српските јавни личности која има најмногу претплатници на платформата за возрасни каде оваа атрактивна дама објавува експлицитни видеа и фотографии.

Јелена и овој пат измами воздишки кај следбениците на „Инстаграм“, каде често го рекламира својот профил со тазе „сочни“ содржини за напалените љубители на нејзиниот телесен раскош.


Јелена неретко успева да го спои убавото со корисното, па на инфлуенсерската вештина да ја надополни со својата телесна убавина која овој пат ја сместила во секси долна облека  која го краси нејзиното тело,  а глетката остава многумина без здив.

Најпрвин на себе во црн корсет – боди за специјални пригоди, изработен од тантела и свила, русокосата изгледа како еротска самовила.


Она што пак на себе Јелена го носи во две варијанти црна и бела, е секси комбинација на долна облека која е уште посмела.

Црн или бел ангел, зависи од вкусот… Она што е сигурно е дека која и комбинација да ја одбрала, Јелена е ангел што ве тера на грев…

Фото: Инстаграм принтскрин/la_vidaa__locaaa

To top