Јелена Карлеуша последниве денови е тема број еден од пишувањето на медиумите, откако го објави долго најавуваниот албум „Алфа“. Како дел од својот нов проект, пејачката претстави десет футуристички песни, меѓу кои и композицијата наречена „Блок“.
Ексцентричната нумера се занимава со блокирани сметки на Инстаграм, а во тоа име, музичката ѕвезда сега ја објави својата исклучително долга листа на сметки на кои стави ембарго за пристап до нејзините објави.
Имено, Карлеуша, која е најследената јавна личност во Србија по Новак Ѓоковиќ, со своите следбеници сподели видео од листата, а во описот на објавата додаде:
– Која е вашата омилена песна од албумот „Алфа“. Мојот е дефинитивно „Блок“. Често ја посетувам блок листата само за да видам како се мачат… – напишала Јелена.
фото:Инстаграм принтскрин/Керлеуша стар