Радио Милева

Јелена Карлеуша исплашена за Душко Тошиќ: Пејачката го зголеми обезбедувањето откако беше нападнат нејзиниот сопруг!

Јелена Карлеуша исплашена за Душко Тошиќ: Пејачката го зголеми обезбедувањето откако беше нападнат нејзиниот сопруг!

Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ неодамна беше нападнат во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, наводно по овој инцидент Јелена го зголемила обезбедувањето.

„Јелена Карлеуша се загрижи кога дозна дека насилниците имале ножеви и електрошокови, а дали сакале да ги повредат или да ги ограбат, само може да нагодуваме. Иако важи за борбена жена која не се плаши од ништо, ЈК ги зема работите во свои раце и го засили обезбедувањето. Сепак, ќерките одат на училиште, таа поради обврските често не е дома и не сака да размислува“ тврди извор за „Свет“ и додава:

фото: рајко ристиќ/свет

„Му кажа на Душко дека не треба да се прави јунак и сам да се бори со манијаци затоа што оние кои се закануваат со нож и електрошокови не се при здрава свест, па дури му кажа дека ако не мисли на себе, нека мисли на ќерките и да не им се случи нешто. Девојчињата го обожаваат нивниот татко, многу се поврзани за него и не сака да се грижат. Иако во вилата во која живеат има видео камери и има чувар, Јелена одлучи да ја зголеми безбедноста на објектот, па вработи уште едно момче“ тврди изворот.

фото: рајко ристиќ/свет

По овој повод пејачката не се огласи.

Потсетуваме, Тошиќ неодамна се врати во Кина каде игра фудбал за еден кинески клуб.

To top